Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер

Облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат до крајот на денот. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време со мала до умерена локална облачност, вдолж Повардарието со умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. УВ индексот 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

В недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.

Back to top button
Close