„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е огромна опасност, само стручни лица смеат да ги организираат

Секоја ноќ гледаме огномети, сè тоа е на црно. Не се легални тие огномети. Не е важно дали огнометот трае 5 секунди или 10 секунди, се пријавува 48 часа однапред во МВР со локација, кој човек со лиценца, со име и презиме ќе го врши, какво е полнењето и се заверува документот во станицата која е најблиску. Дури и ако некој граѓанин пријави подоцна, да се знае дека тој огномет е легален. Во градска средина не смее огнометот да биде по 23 часот за да не се вознемируваат луѓето. Надвор од населени места може максимум до 24 часот, но не подоцна од тоа. На пазари ако се продава огономет, тоа е незаконски. Не може било кој да го прави огнометот,  си има правила, тоа е како куршум, како бомба. Во Грција летово  остров изгоре, некои странци си правеле огномет. За жал кај нас секој викенд има огномети. Си ги купуваат некаде, самите си палат, каде ќе им текне таму. Не само што може да се повредат, туку може и да загине некој. Тоа буквално е куршум, експлозивно полнење. Треба да има и простор нагоре. Во Кочани се работеше за мал огномет, може да се користи во затворен простор, ама не на таа висина и плус покривот бил запалив. Тоа може да се користи во спортска сала. Имаше скоро во некој хотел во соседството се запали сала од погрешен огномет на погрешно место. Ако сакаат огномет за нешто, ќе се обратат кај овластени луѓе кои се лиценцирани, тие одговараат и гарантираат за него. Не може на 30 часа однапред, мора на 48 часа да се пријави огнометот во полиција, си има правила кои треба да се почитуваат“, објаснува Ефтим Митров, пиротехничар во пензија.

Вели дека дури и за најмал огномет, граѓаните мора да бидат совесни, да пријават, да повикаат стручни лица за да нема несакани последици.

Целиот текст на ФАКТОР

Back to top button
Close