Врнежи од снег и пад на температурите

Денеска, под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см.

Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.Во текот на ноќта сабота кон недела врнежите од снег ќе продолжат. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 50 км/ч.

Максималните температури се очекуваат во утринските часови кога ќе биде и најтопло со температури од 2 до 8 степени, додека пак во текот на денот температури ќе бидат во опаѓање и најстудено ќе биде кон крајот на денот, кога температури ќе се движат во интервал од -7 до 1 степени

Back to top button
Close