Врзување на лица со аутизам, како мерка не постои. Но во одредени случаи кога може да се изложат на опасност себеси или другите може да се применат и вакви мерки

Врзување на лица со аутизам, како мерка за самиот аутизам, не постои. Сепак, во одредени случаи кога лицата со аутизам може да се изложат на опасност себеси или пак другите околу нив, може да се применат и вакви посебни мерки за осигурување на безбедноста. Врзувањето или другите ограничувања, секогаш се применуваат како последна инстанца и истите се наложуваат со цел да се спречат потенцијални опасности и ризици по животот на пациентот и/или луѓето околу нив, дури и во најразвиените земји по светот.

Важно е да се разбере дека секој случај е индивидуален, а правилата и препораките за врзување на пациенти зависат од повеќе фактори, вклучувајќи го статусот на пациентот, дијагнозата, моменталната состојба, специфичните околности итн.

Здравствениот систем ни е хорор систем што се однесува до државните болнички капацитети. Но, тоа е сосема друга работа.

др.Илчо Ефкоски

Back to top button
Close