Втор АТП трофеј за Нишиока

Јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока го победи Германецот Денис Шаповалов во финалето на турнирот во Сеул, Јужна Кореја со 6:4 и 7:6.

Дваесет и шестгодишниот Јапонец го освои вториот АТП турнир во кариерата. Претходно тој победи во 2018 година во Шенжен.

Шаповалов го загуби четвртото финале во низа.

Јапонецот по овој триумф ќе се искачи на 41. место во рангирањето на АТП.

Наградниот фонд на турнирот во Сеул изнесуваше 1,1 милион долари

Back to top button
Close