Вучиќ денеска распишува вонредни парламентарни избори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во 10:00 часот ќе распише вонредни парламентарни избори за в недела на 17 декември.
Како што јави Блиц, Танјуг од Претседателството на Србија дознава дека Вучиќ ќе го потпише решението за распишување избори, по што ќе им
се обрати на граѓаните.
Истиот датум кога ќе се одржат парламентарните избори, според најавите, во нешто повеќе од 60 градови и општини во Србија ќе се одржат покраински и локални избори.
Како што пренесува Нова.рс, претседателот на Собранието Владимир Орлиќ распиша локални избори.