Вучиќ: Го замолив Ердоган да ни помогне во пренос на азербејџанска струја во текот на зимата

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека разговарале за сите важни прашања, вклучително и енергетиката, во чии рамки побарал од Ердоган да и помогне на Србија со тоа што Турција да овозможи простор за пренос на азербејџанската струја, јави дописникот на МИА од Белград.

-Го замолив Ердоган да ни помогне, ако е можно, бидејќи тоа ќе биде огромна поддршка… Го замолив да ни обезбеди простор за пренос на азербејџанската електрична енергија во Србија, што многу тоа ќе ни олесни и ќе ни значи за време на зимата, рече Вучиќ на прес конференцијата со Ердоган.

Како што кажа, на средбата се разговарало за инфраструктурни проекти и поврзувањето со БиХ, за трговската размена на двете земји која е во подем, соработката во рамките на министерствата за одбрана, за поголема воена и соработката на наменските индустрии.

-Не кријам и не се срамам, не ни криевме, дека сакаме да купиме дронови Бајрактар. Сите ги сакаат тие дронови, застанавме во ред и верувам дека следната година Србија може да ги добие. Ние сме подготвени да платиме повеќе пари, од првично договорените неколку десетици до неколку стотици милиони евра, рече Вучиќ.

Вучиќ и се заблагодари на Турција за поддршката на „Отворен Балкан“ и за зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Тој кажа дека разговарале за ситуацијата во Украина, прашањето за санкциите против Русија, како и за стабилноста во регионот, колку е важно да се зачува мирот и ги повтори изјавите за интегритетот на Босна и Херцеговина.

-Додадов и за почитувањето на Дејтонскиот договор и за интегритетот на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина. Разговаравме за односите меѓу Србите и Бошњаците, но и за трилатералната средба меѓу Турција, Босна и Херцеговина и Србија, рече Вучиќ.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на прес конференцијата изјави дека се надева оти во блиска иднина ќе се постигне договор за регистарските таблички со Косово, како и кога станува збор за други спорни прашања.

-Многу сме задоволни што е постигнат договор кога станува збор за преминување на границите со лични карти меѓу Србија и Косово. Кога станува збор за регистарските таблички, се надевам дека ќе се постигне договор што е можно поскоро, како и за други проблематични прашања, рече Ердоган и посочи дека Турција ќе продолжи искрено да го поддржува решавањето на проблемот преку дијалог.

-Кога од нас се бара помош, ние придонесуваме со сите средства што ни стојат на располагање, и со конструктивен и со непристрасен пристап. И ние сме подготвени да го направиме она што е дел од нашата улога кога станува збор за страните во БиХ да се состанокот во формат за да се постигне помирување во трите заедници, рече Ердоган.

На средбата на српскиот и турскиот претседател во Белград беа потишани повеќе договори и меморандуми, меѓу кои и Протоколот за измени и дополнувања на Договорот за реципрочно укинување на визите, Договор меѓу владите на двете земји за заемно поттикнување и заштита на инвестициите и други.

Back to top button
Close