Вучиќ: Конфликтот во Украина дополнително ќе ескалира


Западот ќе сака да му ја тргне косовската карта од рацете на Путин, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Додаде дека говорите на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден покажуваат дека конфликтот во Украина дополнително ќе ескалира.

И двајцата покажаа голема решителност, бескомпромисност, желба за победа“, рече српскиот претседател.

Вучиќ рече дека колку е покомплицирана ситуацијата во светот, толку е потешко и за Србија поради притисокот.

За два дена се навршува година откако Русија ја почна инвазијата на Украина.

Back to top button
Close