Вучиќ: Од слобода или од затвор, ќе ги победам
Носителот на изборната листа „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, вчера се појави во седиштето на Српската напредна партија и официјално призна дека неговата партија ги изгубила изборите. Ова претставува прв изборен пораз на Вучиќ од 2012 година наваму, што означува значајна политичка промена во земјата.

Пред своите симпатизери, Вучиќ соопшти дека победничката Студентска листа освоила над 2,2 милиони гласови, што е речиси двојно повеќе од резултатот на неговата политичка опција. Во своето обраќање, тој се осврна на обвинувањата од политичките противници.
Велеа дека некој ќе бега, ќе ги пакува коферите, дека некој се плаши од нив… Лажеа за се. (…) Ќе имаме 105 пратеници, ќе се бориме и ќе покажеме што е опозиција – изјави Вучиќ.
Тој оцени дека падот на неговата власт е резултат на надворешни влијанија, посочувајќи на „револуција спроведена дирекно од различни европски земји и длабоката американска држава“, при што им ја честиташе победата на „изведувачите на туѓи валкани работи“.
Во врска со неговата иднина, тој децидно отфрли какви било шпекулации за напуштање на државата.
Јас ја сакам Србија. Никогаш нема да заминам од Србија. Од слобода или од затвор, од секое место ќе ги победам многу побрзо отколку што мислат – порача Вучиќ.






