Вучиќ пред доаѓањето во Охрид: Без ЗСО нема разговори со Приштина!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) е услов без кој нема да има продолжување на преговорите со Приштина.

Вучиќ ова го изјави по посетата на Власинското езеро, а во одговор на новинарско прашање како го коментира тоа што Албин Курти не сака да формира ЗСО, а ЕУ немо го игнорира.

„Во сите разговори што ги имав, Заедницата на српските општини е услов без кој не можеме. Само не ни одземајте повеќе време, ако сакате – сакате, ако не – нема, го чекам Мирослав Лајчак, тој ќе дојде во понеделник и вторник“, рече Вучиќ.

Најави дека ќе оди во Охрид на 18 март, бидејќи, како што рече, не би дозволил некој да го претстави како „лудак“ што не сака да разговара.

Како што кажа, само сака некој да му објасни што е значењето на сето тоа.

“Зошто ме канат на свадбена веселба, а ниту невестата ниту младоженецот никаде? Не го разбирам значењето. Тоа е нешто што го прави сето ова бесмислено. никој нема да реагира. Ќе видиме, веројатно за нешто ќе бидеме виновни ние Србите“, изјави Вучиќ.

Back to top button
Close