Вучиќ се закани дека насилниците ќе бидат уапсени

Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, а го предупредивме и странскиот фактор, многумина се правеа наивни, не сакаа да слушнат и да видат што се подготвува. Нашите разузнавачки служби реагираа навремено и точно знаеја што подготвуваат насилниците, изјави претседателот Александар Вучиќ откако граѓани и опозицијата се обидоа да влезат во градското Собрание во Белград.

-Нема да дозволиме да ни ја уништат државата, илјадници повици дојдоа од луѓе кои сакаа да дојдат во Белград да ги бранат нашите институции. Бараме да не го прават тоа. Земјата е доволно силна, институциите можат да ги бранат Србија и Белград, нагласи Вучиќ.

Како што рече, „немирите и насилниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

-Ќе бидат уапсени, а потоа надлежните државни органи ќе постапат согласно Уставот и законот. И секогаш така ќе се однесуваме во иднина, изјави Вучиќ.

Протестот на опозицијата собрана околу коалицијата „Србија против насилство“ започна вечерва пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а по обраќањето на претставниците на коалицијата, граѓаните се префрлија пред Градското собрание. Таму имало инциденти, граѓани се обиделе да влезат, го скршиле стаклото на вратата, а полицијата ги испрскала со бибер спреј.

 

Back to top button
Close