Вучиќ за изјавата на Радоичиќ: Видов само „скратена верзија“, некои прашања ќе мора да бидат поставени
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека изјавата на потпретседателот на Српска листа, Милан Родоичиќ ја видел „во скратена верзија“, додавајќи дека тој ќе мора да одговори на поканата на истражните органи, пренесуваат српските медиуми.
За потсетување, Радојчиќ денеска ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово, во кои во вооружен напад загина старешина на косовската полиција, тројца припадници на групата беа убиени, а повеќемина приведени.
Изјавата на Радојчиќ ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.
„Допрва ќе го прочитам писмото. Сигурен сум дека надлежните треба да поставуваат прашања, дали обвинителот ќе го гони не е прашање за мене. Прво оди по процедура, тоа го знам, ако некој мислел дека тој ќе бега или ќе се крие. Се гордее со тоа, мислам дека никој нема право да убие некого, ќе треба да се постават некои прашања, можеби не учествувал во тој дел, тоа е прашање на обвинителството. Знам дека полицијата треба да собира информации, па обвинителот доаѓа и одлучува“,ја пренесува Н1 изјавата на Вучиќ.