Вучиќ за монструозните закани упатени кон неговиот син: Рекоа ќе го посипат син ми со ураниум

Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше за интервјуто на опозиционерот Срѓан Шкоро во кое тој го коментираше и неговиот син Данило Вучиќ и порача дека нема да дозволи такви напади врз неговиот син, но и врз ничие дете.

-Со години ги кажуваат најлошите и најтешките зборови. Јавноста молчи, обвинителството, полицијата, судовите молчат. Денеска рекоа дека ќе го посипат син ми со ураниум. Тој веќе не е дете, но секогаш ќе биде мој син. А јас не дозволувам и никогаш нема дадозволам да му се слули тоа на ничие дете во Србија. Ќе се бориме и ќе се бориме за нормална Србија! – напиша претседателот Вучиќ на Инстаграм.

Oпозиционерот Срѓан Шкоро, претседателот на движењето „Бунт“ вчера гостувајќи на телевизијата КТВ каде пројави недозволива реторика кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство.

Back to top button
Close