За излез од државата преку ГП Богородица, Дојран и Табановце се чека повеќе од еден час
На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ.
Како што се наведува во соопштението за сотојбата на патиштата од 12 часот, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Гужвата на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце трае од утринава, каде како што информира АМСМ во 6 часот, времето на чекање за излез од државата било од 40 мин до 1 час.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево