За Кочани: Пандев, Најдоски и Шаќири против Стоичков и Костадинов – фудбал Македонија против Бугарија

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година

Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Но овој ревијален меч нема да го играат актуелните репрезентативци, туку фудбалските легенди од двете држави. Па така,силите ќе ги одмерат домашните легенди Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири против легендитена на нашиот источен сосед а меѓу нив и Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Красимир Балаков, Валери Божинов и други.

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Спартак во Варна, со почеток во 17 часот по македонско време.

Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата

Back to top button
Close