За мир во белата палата Коце откако местото за градоначалник на Скопје му го зема Данела го доби директорското на државните патишта

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Одлуката денеска беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП.

Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.

Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.

Тој на последните локални извори имаше силна желба неговата партија ВМРО ДПМНЕ повторно да го кандидира за градонашалник на Скопке откако контролата на метрополата претдходно ја загуби од Петре Шилегов од СДСМ.

Сепак партискиот лидер Мицковски ја кандидираше Данела Арсовска најавувајќи ја како европска менаџерка. Извори од партијата тогаш објаснуваа дека Трајанови има низок рејтинг и затоа не го кандидирале за граадоначалник.

Со денешното назначување на директорската функција на државните патишта практично оремиерот Мицковски му компензира на Трајанов за некандидарирањето за градоначалник на Скопје.

Back to top button
Close