За прв пат од 1989 година, Манчестер јунајтед загуби три од пет натпревари од почетокот на англиското првенство
Избраниците на Ерик тен Хег денес загубија од Брајтон (1:3) на домашен терен во 5. коло. Вкупно има три порази во првите пет натпревари од почетокот на сезоната.
Последен пат „Црвените ѓаволи“ загубија три пати во пет кола во 1989 година.
На 23 септември Манчестер јунајтед ќе го пречека Барнли.