За трансплатација на бубрег чекаат 167 пациенти, велат од Клиниката за нефрологија
Во моментов 167 пациенти чекаат за трансплатација на бубрег од починато лице, листа која постојано се ажурира, рече денеска доктор Галина Северова од Клиниката за нефрологија по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) велат дека се направат напори да се извршат потребните трансплатации, но и најавија дека се воведуваат нови, иновативни лекови наменети за спречување на прогресија на бубрежната болест.
Според д-р Северова, утре ќе се празнува не само Денот на бубрегот, туку и 50 години постоење на Клиниката за нефрологија.
Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението „Нефрон“ рче дека листата на чекање за трансплатација не ја одразува вистинската бројка, оти пациентите на дијализа не се запишуваат зашто потребни се многубројни испитувања и типизација, кои бараат време, но и финасии.
„Минатата година ја завршивме со две кадавери (четири бубрежни трансплатации) и тоа има голеем одраз на вербата на пациентите дека ќе дочекаат орган од листата. За жал, Програмата за трансплатација за 2025 година предвидува пет кадавери што во старт е премалку за потребите и очекувањата на пациентите“рече Ѓоргиев.
Сашо Клековски, директорот на ФЗО вели дека ќее направат максималеен напор да ја поддржат Клиниката за нефрологија колку што е потребно и толку трансплатации да се направат.
„Истовремено, тоа е заштеда на средствата на друго место. Тоа не го гледаме како трошок, туку како вложување“,кажа тој.
Според Клековски, се разговара и да се обнови и забрза процесот на трансплатација, бидејќи со појавата на ковид-19 истиот прекинал.
„Посветени сме да имаме се помалку пациенти на дијализа, односно нивниот број да престане да расте“,рече директорот.
Во настаните што ќе се одвиваат овој месец по повод Светкиот деен на бубрегот, ќе има едукативни активности за превенција и рано откривање на болеста, особено кај ризичните групи од населението, едукација на младите и децата, како и поддршка на пациенти на дијализа и со трансплатиран бубреег со справување со лекувањето на болеста.