„За влакно“ избегнат нов терористички напад во Турција – специјалците уапсија 5 лица

На југоистокот на Турција се уапсени пет лица кои имале инструкции од Иран и подготвувале терористички напад, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлуtwitter sharing button

viber sharing button

На југоистокот на Турција се уапсени пет лица кои имале инструкции од Иран и подготвувале терористички напад, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Тој на прес-конференцијата додаде дека тие се уапсени во провинцијата Ван во источна Анадолија, која се наоѓа во близина на границата со Иран, пренесува РИА Новости.

На 13 ноември во терористички напад на централниот плоштад Таксим во Истанбул загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени.

Жената осомничена за нападот беше уапсена и призна дека имала врски со Курдистанската работничка партија (ПКК).

Back to top button
Close