Заев и Ахмети на средба во Собранието

Во Собранието во моментов на разговори се лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, објави порталот МКД.мк.

Средбата следува откако опозицијата поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата за што претседателот на парламентот, Талат Џафери, закажа седница за в четврток во 11 часот.

Од друга страна, пак, откако опозицијата објави дека ја поднесува иницијативата, затоа што Заев досега не ја поднесе оставката што ја најави на 31 октомври, премиерот се огласи на Фејсбук, наведувајќи меѓу другото и дека верува оти зад него стојат мнозинството пратеници.

„Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека зад таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници“, напиша меѓудругото Заев во објавата.

 

Back to top button
Close