Заев и Филипче ги дочекаа вакцините „Астра Зенека“ од Грција

20.000 дози од вакцината АстраЗенека пристигнаа како донација од соседна Грција, известува министерот за здравство, Венко Филипче. 

– Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид-пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот ковид-19 – стои во објавата на Филипче.

Back to top button
Close