Заев од Пелинце: Грижата за луѓето е манифестот на нашето време

Оваа година на 2 Август – Денот на Републиката во Пелинце говор одржува премиерот Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација.

Премиерот Заев рече дека денеск сме независна држава и се зависи од нас. Денес гласот на граѓанинот е лободен , слушнат и разбран повеќе од кога било. Македонскиот глас денес ечи повеќе од кога било , порача Заев од Пелинце.

„Вторпат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Св. Прохор Пчињски“, кадешто се одржа Првото заседание на АСНОМ. Тој ден се оствари визијата на бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело, Димо Хаџидимов, кој по повод 20 годишнината од Илинденското востание, во 1923 рече: ‘Македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден’. И го дочека. Со учеството и победата во антифашистичката голема Светска војна на територијата на Македонија, припадничките и припадниците на партизанските единици на НОБ ја заокружија историската цел – државноста на нашата земја. На првото државотворно собрание на АСНОМ, раѓањето на демократска федерална Македонија го сведочеа и големите светски сили, САД и Велика Британија. Истите наши денешни сојузници во НАТО“, рече Заев.

Во нашиот генетски запис е и кодот на Крушевскиот Манифест од кој произлезе и еден од столбовите на кој се издигна македонската држава. За право за човечки живот без разлика на вера, етничка припадност, порача Заев и додаде:

„Да продолжиме да живееме како браќа и сестри како што сме живееле од дедо и прадедо“.

-Декларацијата на АСНОМ за универзални слобода и права е она што е европа денес. Декларација на универзални слободи и права –  цивилизациски вредности  кои велат сите граѓани се еднакви и рамноправни пред законите без разлика на народност, пол, раса, вероисповед. На националните малцинста им се гарантираат сите права на слободен национален живот, право на сопственост и приватна иницијатива, слобода на вероисповед и на совеста. На сите им се гарантира слобода на говор, печат јавен собир и здружување.

Заев, е придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар АСНОМ.

Во Пелинце Собраниска делегација ја предводи од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска и Бране Петрушевски, кои ќе положат венец свежо цвеќе. Најавена е и делегација на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Делегацијата на СДСМ во Пелинце ја предводи, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, придружена од организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов и пратеникот и претседател на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја преводи пратеникот Бране Петрушевски.

 

Back to top button
Close