Заев: Само Милошоски е поголем бандит од Николоски, а Дурловски ќе не убиваше за 200.000 евра

Сите сме исти, сите имаме дома деца за гледање, сите сакаме да им оставиме подобро утре отколку тоа што ние го живееме. Сега успеавме во тоа. Гледаат дека ги губат изборите и дека расте поддршката на коалицијата „Можеме“ и од Македонците ама и од Албанците, Ромите, Турците, Власите, Србите и од Ашкалиите и од сите, истакна вечерва претседтелот на СДСМ Зоран Заев на трибина на која се одржа на Универзитетот ФОН на која присуствуваа носителот на листата од коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2 Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници Сања Лукаревска, Мухамед Зекири.

– На самиот почеток на кампања Ахмети вика услов Албанец премиер. Никој повеќе нема да ја условува татковината. Само граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе е министер кој ќе е премиер, кој ќе е пратеник, претседател на државата, граѓаните и никој друг. Кога гледаме пулс дека водиме со пет, седум, девет пратеници. Око да не ви трепне, да излезете на гласање и вие таму со заокружување на вашиот глас одлучувате каде ќе оди државата, порача Заев.

Тој пред граѓаните на општина Гази Баба рече дека во нивната општина се гради како никогаш досега, дека 10 крупни капитални проекти се реализираат во овој момент и дека времето на национализам и лажен патриотизам е завршено.

-Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот. Прво тоа е признавање, по не знам кој пат од ЕУ на нашиот македонски јазик. Чест и почит за албанскиот, турскиот, ромскиот јазик и другите наши јазици, коишто никојпат не биле оспорени, но нашиот го оспоруваа во минатото. Сега е признаен од ЕУ и од сите земји членки на ЕУ, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ и носител на листата во четвртата ИЕ рече дека секој ден се разголуваат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

-Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра  ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството. Исти луѓе, кој тоа лажат. Сега е слобода луѓето знаат се. Чекаат 15 јули и зад параванот да ни кажат, рече Заев.

Back to top button
Close