Загреб ги менува имињата на улиците именувани по претставници на НДХ

Градот Загреб почна да ги менува имињата на улиците „именувани по функционери или лица блиски до усташката НДХ“, пишува денеска „Јутарњи лист“.Пред неколку дена до Градското собрание беше испратен предлог за промена на имињата на четири улици во поширокото градско подрачје кои ги носат имињата на Филип Лукас, Владимир Арко, Антун Бонифачиќ и сараевскиот архиепископ Иван Шариќ. 

Преименувањето беше побарано од Светскиот еврејски конгрес, невладиното здружение Документи, историчарите Иво Голдштајн и Хрвоје Класиќ, како и Ерол Шеху, кој изјави дека Лукас, Арко, Шариќ и Бонифачиќ биле „истакнати соработници на нацифашистичкиот, марионетски и антицивилизациски режим на НДХ“.

„Јутарњи лист“ наведува дека сега на потег е Градскиот комитет за именување населени места, улици и плоштади, а на крајот и советниците на Градското собрание.

Back to top button
Close