Захарова: Украинскиот напад на станицата Суџа е извршен по наредба од Лондон

Киев изврши напад врз мерната станица за гас Суџа во областа Курск по наредба од Лондон, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Имаме причина да веруваме дека насочувањето и таргетирањето на нападот е извршено преку француски сателитски системи, а внесувањето на координатите и лансирањето се извршени од британски специјалисти. Командата е дадена од Лондон“, рече Захарова.

Таа истакна дека станицата веќе била нападната од Киев и дека по денешниот ракетен напад сега е уништена.

Покрај тоа, Захарова рече дека Киев исто така се обидел да ја нападне рафинеријата за нафта Саратов.

„Ова не се први обиди на Украинците да го тероризираат рускиот енергетски систем по договорот од 18 март за забрана за гаѓање на енергетските капацитети. Киев ги гаѓаше и гасните и нафтените капацитети во Русија – во областа Брјанск, Курск, Белгород и Краснодарската територија. Сето ова покажува дека е невозможно да се постигне каков било договор со Киев“, истакна Захарова.

Back to top button
Close