Западниот Балкан би требало да биде изземен од забраната за патување во ЕУ

Во наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија (ЕК) за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува таа да препорача изземање на земјите од Западниот Балкан од забраната за патување што ќе важи за третите земји, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Препораката на Европската Комисија до земјите членки за отворање на границите треба да биде објавена до крајот на оваа недела, рече за МИА портпаролот за внатрешни работи, Адалбер Јанз.

Според извори во Европската Комисија, “големи се шансите“ да биде предложено изземање на шесте земји од Западниот Балкан од забраната за влез што ќе важи за останатите трети земји.

За балканските дипломати во Брисел ова се смета како „уште еден силен политички сигнал“ за посветеноста на ЕУ кон регионот.

Сепак, крајната одлука за движење е во рацете на земјите членки на Унијата кои самостојно одлучуваат дали ќе ја прифатат препораката на Европската Комисија и како ќе ја применат, меѓу другото земајќи ја предвид епидемиолошката состојба во секоја поединечна земја, состојба врз основа на која можат да одлучат дали ќе дадат дозвола за влез на нивна територија или не.

Back to top button
Close