Запрена спасувачката акција во Дњепар, 20 лица и натаму се водат за исчезнати

Тимовите за вонредни состојби ја прекинаа потрагата по исчезнати лица под урнатините на високата станбена зграда погодена од руски проектил во украинскиот град Дњепар (Днипро), јави ДПА.

Дваесет лица се уште се водат како исчезнати, соопшти службата за цивилна заштита. – Шансите да се пронајде некој, за жал, се на нула, рече градоначалникот Борис Филатов. Можно е некои од телата да се толку изобличени од пожарот и уривањето на зградата што тешко ќе се најдат, рече тој.

Од нападот во саботата, 45 тела, меѓу кои и шест деца, досега се пронајдени во големиот град во централна Украина во областа Днепропетровск. Околу 80 лица се повредени, од кои 28 се во болница, а голем дел од нив се во критична состојба.

Уништени се повеќе од 230 станови во деветкатницата.

Back to top button
Close