Засилени контроли на француско-италијанската граница

Француската полиција соопшти дека од синоќа има засилени контролии на повеќе од десетина премини на француско-италијанската граница, за кои Париз се одлучи по одбивањето на Рим да го пушти бродот „Оушн вајкинг“, јави дописникот на МИА.

Од синоќа, во 20 часот, повеќе од десетина премини се предмет на зголемен надзор, соопшти денеска француската полиција. Станува збор за „контрола на станиците, секундарните премини особено кај Ментон, но и Соспел или Бреил-сур-Роја, потоа на автопатот А8, излезите, патарините и областите на автопатот“, прецизираа од Генералниот директорат на Националната полиција (ДГПН).

Речиси 500 дополнителни полицајци и жандарми ќе бидат мобилизирани за проверки на овие премини со цел да се гарантира нивната 24-часовна безбедност, наведува истиот извор.

По три недели залудно талкање во потрага по безбедно пристаниште во Италија, хуманитарниот брод „Оушн Вајкинг“, со 230 мигранти, утринава пристигна на пристаништето во поморската база Тулон, соопшти поморската префектура.

Back to top button
Close