Засилени контроли во Кочани и Виница, санкционираи 156 возачи

-Од 156 санкционирани возачи во Кочанско и Виничко во текот на вчерашниот ден, 55 возеле нерегистрирани возила и без возачка.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи при спроведената засилена контрола изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола и 13 за пречекорување на брзина.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close