Заврши заложничката драма во Дрезден.Полицијата го уапси вооруженото лице

Германските полициски службеници успеаа да го уапсат лицето кое во трговски центар во Дрезден држеше заложници од рано утринава. Според информациите на германските медиуми лицето прво ја убило својата мајка, а сопругата и детето ги земал како заложници.

Германски Билд пишува дека вооружен Германец прво ја убил својата мајка во стан во квартот Прохлис, потоа се обидел да упадне во радио станицата пукајќи кон вратата од влезот, но не успеал да влезе во зградата по што со својот автомобил се упатил до трговскиот центар, каде се забарикадирал во продавница.

Околу 12 часот и 30 минути специјалните полициски сили успеале да го совладаат напаѓачот.

Билд наведува дека напаѓачот е ранет, а заложниците се неповредени.

Засега не е познат мотивот за убиството, а полицијата ја продолжува истрагата.

Back to top button
Close