Зекири за Локално: ВМРО-ДПМНЕ е заглавена меѓу опасното ветување против „албанизацијата“ и последиците што можат да доведат до криза

 

„Коалицијата ВЛЕН е неприродна, неидеолошка и несуштинска. Таа претставува класичен „брак од интерес“ и се состои од партии со различни, ако воопшто имаат, идеологии—партии кои, во различни периоди, некои три, а некои дваесет години, биле дел од власта и соработувале со ДУИ“, изјави за „Локално“ новинарот Арбен Зекири. Зекири смета дека оваа коалиција нема капацитет да донесе суштински промени во политичката сцена, бидејќи е составена од политички субјекти кои, како што вели, биле дел од истиот систем. Тој смета дека ваквиот политички сојуз е формиран од стратешки причини, без јасна визија или програма која ќе донесе квалитативни промени во општеството. Зекири нагласува дека лидерите на ВЛЕН немаат потенцијал да донесат суштински промени на политичката сцена, што ВЛЕН ја прави нестабилна и непредвидлива во иднина.

„Коалицијата ВЛЕН е неприродна, неидеолошка и несуштинска. Таа претставува класичен „брак од интерес“ и се состои од партии со различни, ако воопшто имаат, идеологии—партии кои, во различни периоди, некои три, а некои дваесет години, биле дел од власта и соработувале со ДУИ. Не може да се очекува промена или различност од Меџити, кој дваесет години беше меѓу главните архитекти на политиките на ДУИ. Не може да се очекува искреност и единство меѓу Беса и Алтернатива, кои се поделија за кратко време по нивното формирање, ниту, пак, од Таравари, кој не успеа да воспостави заеднички јазик во сопствената партија, а сега бара единство со четири партии. Коалицијата ВЛЕН е здружение на партии што се користат меѓусебно, кои нефер се натпреваруваат една против друга и кои немаат своја програма, туку се само извршители на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Толку големи се нивните интереси и злонамерност, што нема цел или идеологија што би можела да ги обедини“, изјави Зекири.

На прашањето како Зекири го толкува односот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски кон Албанците, новинарот смета дека неговиот однос можеше да се насети уште за време на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, која според Зекири била насочена против унапредувањето на Албанците во институциите и власта. Според него, оваа стратегија ги стави во сложена позиција ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи смета дека мораат да балансираат помеѓу ветувањата за „борба против албанизацијата“ и потенцијалните последици од таа политика, кои можат според Зекири да доведат до политичка криза.

„Мицкоски и ДПМНЕ целата кампања ја водеа со реторика против унапредувањето на Албанците во институциите и власта. Паметиме кога обвинуваа дека Албанците владеат со државата, а нивното мото беше „Македонија повторно твоја“. Потоа започнаа со постапки против правичната застапеност и употребата на албанскиот јазик. Сега се наоѓаат во еден „сендвич“ меѓу одржувањето на опасното ветување „против албанизацијата“ и последиците од таа борба, кои можат да доведат до политичка криза“, смета Зекири.

Зекири изразува сомнеж во способноста на коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ да ја одведат Македонија во Европската Унија. Според него, реториката на ВМРО-ДПМНЕ, која пред изборите имала различна реторика во однос на сегашните делувања, според Зекири е тешко за очекување брз влез во Европската Унија. Тоа според Зекири се должи на политиката која ја води власта, која според новинарот повеќе се грижи за рејтингот отколку за државните интереси.

„Уставните измени, како и деалбанизацијата, беа главна реторика на Мицкоски. Сега, ако пропушти и на оваа тема, ќе ги разочара гласачите, како што ги разочара со прифаќањето на уставното име. Имајќи предвид дека актуелно се фокусираат на рејтинг, а не на државност, не може да се очекува значителен напредок во интеграциите“, завршува Зекири.

Back to top button
Close