Зеленски бара борбени авиони во ненадејните посети на Лондон и Париз

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц присуствуваа на заедничка изјава во Елисејската палата во Париз, 8 февруари 2023 година

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц присуствуваа на заедничка изјава во Елисејската палата во Париз, 8 февруари 2023 година

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати силен апел до западните сојузници да и обезбедат на неговата земја борбени авиони за борба против руските сили за време на посетата на Британија и Франција на неговото второ познато патување во странство по неиспровоцираната инвазија на Москва на неговата земја пред една година.

„Апелирам до вас и до светот, со едноставни, но сепак најважни зборови – борбени авиони за Украина, крила за слободата“, рече Зеленски, говорејќи во обраќањето пред британскиот парламент. „Знаеме дека слободата ќе победи, знаеме дека Русија ќе загуби“, им рече тој на пратениците.

Зеленски во Лондон, Британија ја прошири листата на санкции против Русија

Британскиот премиер Риши Сунак подоцна на заедничка прес-конференција рече дека „ништо не е надвор од масата“ во однос на воената помош за Украина, додавајќи дека борбените авиони за Украина беа „дел од разговорот“. По говорот на Зеленски во Парламентот, тој се состана со кралот Чарлс Трети, а потоа го придружуваше Сунак на инспекција на украински војници кои се обучуваат во југозападна Англија за управување со британските тенкови Челинџер 2, за кои Сунак рече дека ќе бидат распоредени во Украина следниот месец.

 

Зеленски подоцна пристигна во Франција на вечера со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Макрон пред состанокот во Париз рече дека Франција е „решена да и помогне на Украина да победи и да ги воспостави нејзините легитимни права“, додавајќи дека Франција „ќе продолжи со напорите“ да испорача оружје на Киев.

Зеленски ги повика Франција и Германија да не се двоумат во испораката на оружје, велејќи дека имаат „потенцијал да ја менуваат играта“ во текот на војната. „Колку побрзо добиеме тешко оружје со долг дострел, а нашите пилоти ќе добијат модерни авиони, толку побрзо ќе заврши оваа руска агресија“, рече тој.

LКиев со месеци го повикува Западот да ја зголеми својата воена поддршка, вклучително и можноста за обезбедување борбени авиони. Соединетите држави, Британија, Германија и другите западни сојузници неодамна попуштија и одобрија испраќање на стотици борбени тенкови, оклопни возила и друго тешко вооружување во Украина поради очекувањата дека Русија се подготвува за нова голема офанзива, веројатно веќе овој месец.

Вашингтон досега, исто така, одбиваше какво било снабдување со воени авиони Ф-16 на Украина, но некои сојузници, како што е Полска, рекоа дека би можеле да бидат отворени за оваа идеја. Посетата на Зеленски на Британија и Франција е негова прва откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година. Тој претходно ги посети Соединетите држави и се обрати во Конгресот во декември. Според некои извештаи, Зеленски може да присуствува на самитот на Европската унија оваа недела во Брисел.

Back to top button
Close