Зеленски денеска се очекува во посета на Вашингтон

epa10091405 Ukrainian President Volodymyr Zelensky speaks during the joint press conference with Guatemalan President Alejandro Giammattei after their meeting at Mariinsky palace in Kyiv (Kiev), Ukraine, 25 July 2022. Alejandro Giammattei arrived in Kyiv and met with President Zelensky and top Ukrainian officials amid the Russian invasion. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува во Вашингтон на неговото прво меѓународно патување од почетокот на војната на 24 февруари, објавија светските агенции, додавајќи дека тој би можел да се обрати во Конгресот и да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави писмена изјава во која ги „охрабрува” пратениците да бидат „физички присутни” во среда навечер на седницата „специјално посветена на демократијата”.

Оваа посета, доколку биде потврдена, доаѓа во време кога американските парламентарци се подготвуваат да гласаат за нов голем пакет помош за Украина.

Американскиот претседател, од своја страна, треба да даде зелено светло за испраќање ракети „Патриот”, особено софистициран систем за противвоздушна одбрана, во Украина.

Како што наведуваат агенциите, украинскиот претседател се очекува да ги посети Белата куќа и американскиот Капитол во среда, иако безбедносните проблеми би можеле да ги променат тие планови.

„Панчбоул њуз” прв ја објави можната посета на Зеленски на Вашингтон, цитирајќи девет извори запознаени со патувањето. Во објавата се наведува дека се очекува Зеленски да се сретне со раководството на Конгресот и со шефовите на комитетите за национална безбедност од Републиканската и Демократската партија и дека може да се обрати на заедничка седница на Конгресот

Back to top button
Close