Зеленски ќе подигне споменик на геј порно ѕвезда?

Петиција од над 25.000 гласа го повикува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го урне споменикот на руската царица Екатерина Велика во Одеса и да го замени со биста на Били Херингтон, украинска и светска легенда во геј-порното. Херингтон снимал филмови во 90-тите, а е познат во Jапонија под мемето „Гачимучи“. Идејата е да биде претставен како седи во бар со шише пиво.

Претседателот Зеленски има 10 дена да одговори на петицијата. Истовремено, во петицијата се бара и нешто поголемо – легализирање на хомосексуалните бракови во земјата, пишува Би-Би-Си. Украина ги признава ЛГБТ луѓето, но не и нивните бракови. Војната дополнително ги комплицира нештата. Доколку војник кој е хомосексуалец почине во борбите, неговиот партнер не смее да го собере и да го закопа неговото тело.

Back to top button
Close