Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општата мобилизација во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закони одобрени од Врховната рада претходно оваа недела за продолжување на воената состојба и општата мобилизација за три месеци.
Украинскиот парламент ги поддржа двата закони на 28 април.
Времетраењето на воената состојба и општата мобилизација во Украина сега е официјално продолжено до 2 август 2026 година.
Ова е дванаесетто продолжување на воената состојба и мобилизацијата.






