Зеленски пристигна во Хирошима за средбата на Г7


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во јапонскиот град Хирошима на самитот на лидерите на Г7, што завршува утре.

Зеленски ќе учествува како гостин на панелот посветен на „мирот и стабилноста“. Предвидено е тој да се сретне и со јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој е домаќин на состанокот на Г-7.

На видеа од бројни медиуми се гледа како Зеленски се симнува од авион на француската Влада.

Првично, Зеленски требаше да учествува на самитот преку видео врска, но изрази силна желба да дојде во Јапонија, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

Back to top button
Close