Зеленски: Северна Кореја планира да испрати уште 10.000 војници во Русија

Претседателот на Укрина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека на руска територија се наоѓаат над 8.000 севернокорејски војници и оти во тек се подготовки за распоредување на дополнителни 10.000 припадници на севернокорејската армија на руска територија.

Тој повикувајќи се на разузнавачки податоци истакна дека о тек и „избирање на војници за обука и испраќање во Русија“.

Зеленски во август изјави дека Пјонгјанг би можел да испрати до 50.000 војници во Русија и ја повика Јужна Кореја да ја поддржи украинската противвоздушна одбрана.

Еден месец претходно, Сеул најави пакет помош за Украина во вредност од 100 милиони долари, при што експлицитно беше исклучено испраќањето смртоносно оружје.

Според украинските и јужнокорејските процени, од почетокот на 2024 година, Северна Кореја испратила меѓу 14.000 и 15.000 војници во Украина за да ја поддржат руската страна, при што најголемиот дел од нив биле распоредени во регионот Курск.

Според разузнавачки податоци Пјонгјанг ја снабдил Москва со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.

 

Back to top button
Close