Зеленски за посетата на Ердоган: Силна порака за поддршка од силна држава

„Силна порака за поддршка од силна држава“, така украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша денешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Украина.

Зеленски денеска оствари билатерален разговор со својот турски гостин, по што се одржа трилатерална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Средбата на тројцата лидери траеле околу 40 минути, а во моментов се одржува заедничка конференција за медиумите.

Според турската телевизиска станица „НТВ“, Зеленски посочил дека со турскиот претседател разговарал за можностите за надградба на иницијативата за извоз на жито преку украинските пристаништа, како и за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје“.

„Зајакнувањето на нашата соработка ќе доведе до зајакнување на двете земји“, истакнал украинскиот претседател.

На средбата во Лвов бил потпишан договор меѓу Турција и Украина за реконструкција на инфраструктурата оштетена во војната, наведува „НТВ“.

Телевизијата наведува дека на билатералната средба претседателите разговарале за сите аспекти на односите меѓу Анкара и Киев на стратешко ниво.

На трилатералната средба Зеленски-Ердоган-Гутереш од турска страна во Лвов присуствувале уште и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на разузнавачката служба МИТ Хакан Фидан и портпаролот на претседателот и советник Ибрахим Калан

Back to top button
Close