Земјите кандидати од регионот нема да влезат во ЕУ пред 2030 година, смета Вучиќ

– Претседателот на Србија денеска изјави дека не е оптимист за процесот на интеграција на Србија во ЕУ до 2028 година и дека не верува дека тоа ќе се случи во 2028 година, а неговата оценка е дека тоа нема да се случи пред 2030 година.

„И посакувам се најдобро на Црна Гора, но не верувам дека тие ќе бидат дел од ЕУ во 2028 година, не верувам дека ние ќе бидеме дел од ЕУ ниту во 2028 година“, рече Вучиќ на панелот „Приклучување на Западен Балкан во ЕУ“ организирано во рамките на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага.

Тој оцени дека интересите на ЕУ одвреме-навреме се разликуваат од српските и истакна дека неговата оценка е дека земјите кандидати од регионот нема да влезат во ЕУ пред 2030 година.

„Имаме различни оценки за иднината на ЕУ, но сите сакаме да бидеме дел од ЕУ, сепак, не сме сигурни како ќе изгледа ситуацијата во земјите-членки на ЕУ. Она што е очигледно е дека Украина и Молдавија добиваат моментум, што е разбирливо, но во исто време постои и исцрпеност на јавноста во ЕУ на темата за проширување“, рече Вучиќ.

„Потоа, верувам дека Србија, Албанија, Црна Гора и се надевам, ако Бугарите дозволат да се приклучи Северна Македонија, верувам дека и тие ќе се приклучат, но откако ќе се приклучи Украина. Во тоа верувам, ќе видиме дали сум во право или не“, изјави Вучиќ

Back to top button
Close