Земјоделците во Бугарија почнуваат со блокади на патишта и гранични премини

Во Бугарија денеска почна националниот протест на земјоделскиот сектор. Во него ќе учествуваат близу 25 организации, а причина за тоа е одлуката за укинување на забраната за увоз на жито од Украина.

На демонстрациите ќе учествуваат производители на овошје и зеленчук, како и пчелари. Главните патишта и граничните премини се очекува да бидат затворени. Има повеќе од 35 пунктови каде се собираат незадоволните, а нивните барања се да се продолжи забраната и да се добијат дополнителни средства од државата.

Министерството за внатрешни работи ги мобилизира сите свои ресурси за заштита на протестите во државата.

Back to top button
Close