Земјотрес со јачина од 4,1 степен го погоди Тенеси, почувствуван и во Џорџија и Северна Каролина

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска американската сојузна држава Тенеси. Тој бил почувствуван и во Атланта во државата Џорџија и во западниот дел на Северна Каролина, соопшти Геолошкиот завод на САД.

Земјотресот се случил кратко по 9 часот наутро по локално време, на околу 20 км од Гринбек, град со околу илјада жители во Тенеси, кој е околу 48 километри јужно од градот Ноксвил.

Back to top button
Close