Земјотрес со јачина од 6,8 степени го потресе Мексико, почувствуван и во главниот град

 Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Мексико, на истиот ден кога два силни земјотреси ја погодија земјата во 1985 и 2017 година.

Националниот институт за сеизмологија соопшти дека епицентарот на потресот што е почувствуван и во престолнината бил во западно Мексико во државата Мичоакан.

„Искрено се надеваме дека ништо сериозно не се случило”, напиша на Твитер мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор

Back to top button
Close