Земјотрес во Албанија

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вечерва во 20:59 часот, во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 39,72 и географска должина 20,29, односно околу 156 километри од Елбасан, во близина на границата со Грција
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.






