Зголемен број смртни случаи од Ковид-19, но и новозаболени во Грција

– Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број на смртни случаи од Ковид-19, починаа девет лица, што е рекордно висок број, додека пак зголемување има и во однос на новозаболените, 359 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, 69 лица се лекуваат, приклучени на апарати, а од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 14.400 позитивни случаи, додека пак починаа 325 лица.

Од денешните 359 нови случаи, речиси 60 отсто се во областа Атика, поширокиот дел на Атина.

Back to top button
Close