Жанета Трајковска: Мицкоски ја избришал прашината од тефтерот на Грујо

Жанета Трајковска, извршен директор на Институтот за комуникации и жесток критичар на политиките на партиите во јавноста, утрово го критикуваше Мицкоски споредувајќи ги неговите постапки со оние на Груевски. Еве што напиша таа:

30 дена Влада на ВМРО и коалицијата:

-да ја вратиме оградата пред Влада ✔️ checked

– да земеме 500 милиони евра заем од Унгарија, а на јавноста сме и кажувале за една милијарда и притоа не објаснуваме зошто е промената, освен дека дека можеби сме подлажале за пола ✔️ checked

– да ги игнорираме новинарите – премиерот е многу зафатен, сега со нив ли ќе збори, а и прашањата не се претходно договорени, од каде да знаеме што ќе прашаат ✔️ checked

– транспарентност, пристапност и кохезија за важни прашања кои може да не однесат по ѓаволите сега не се ич важни, оти државата е во “хаос” (кој трае 30 години бај д веј) ✔️ checked

Мицковски како да ја узбришал прашината од тефтерчето на Грујо за тоа како да се однесуваш со глупата јавност и досадните новинари, а тој работи 24/7 за доброто на сите нас, а ние рајата неблагодарни ✔️

#самонапреТ

#глупавиестрагегијата

Back to top button
Close