Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потонал мигрантски чамец кај грчкиот остров Лерос

Жена и дете се пронајдени мртви денеска во водите кај грчкиот остров Лерос, откако потонал гумениот чамец со кој група мигранти од Турција тргнале кон грчкиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.

Во операцијата на грчката крајбрежна стража спасени се триесет и три лица, меѓу кои и шест деца, и сите се пренесени во болницата во Лерос, соопштија властите.

Оттаму додаваат дека спасувачката операција продолжува со потрага по евентуални преживеани мигранти.

Во потрагата се мобилизирани три брода на крајбрежната стража и хеликоптер „Супер Пума“, но спасувањето е отежнато од силниот ветер и немирното море

Back to top button
Close