Жена најдена мртва во Кавадарци Ќерката ја пронашла со траги од насилство по телото
По наредба на јавниот обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта“, информираат од полицијата.
52-годишната С.С.С. од Кавадарци вчера околу 23:40 часот била пронајдена почината во станот каде што живеела. Телото го пронашла нејзината ќерка, Д.Т., која веднаш го пријавила случајот во СВР Велес – ОВР Кавадарци.
Според првичните информации, на телото на починатата биле забележани повреди, што укажува на можни траги од насилство.
„Лекар од болницата во Кавадарци ја констатирал смртта, а на местото на настанот извршиле увид екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци. По наредба на јавниот обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта“, информираат од полицијата