Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

 

Истовремено, наместо да се унапредува системот за превенција и заштита од насилство, сведочиме на обиди за негово уназадување. На денешниот брифинг со медиумите и прес-конференцијата, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост побараа преиспитување на постапувањето на институциите во последните случаи на фемициди, утврдување одговорност за пропустите и итно усвојување на предложените законски измени.

 

Постојниот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство обезбедува солидна основа за заштита на жртвите. Предложените измени произлегуваат од воочените проблеми во досегашната практична примена на законот, а беа подготвени во рамки на работна група иницирана од надлежните институции, во која беа вклучени и граѓанските организации и правни експерти.

…

Повеќе

Back to top button
Close