Жесток одговор од Хезболах -140 ракети истрелани врз северен Израел

Хезболах денеска го погоди северот на Израел со 140 ракети, соопшти оваа милитантна група, пренесуваат американските медиуми.

Групата поддржана од Иран соопшти дека гаѓала само воени локации.

Нападот доаѓа откако Израел изврши интензивни воздушни напади во текот на ноќта врз јужен Либан, а војската соопшти дека нејзините воени авиони ги гаѓале ракетните фрлачи на Хезболах.

Претставници на израелската армија го потврдија нападот. ИДФ потврдија дека околу 140 ракети биле лансирани во северен Израел, додавајќи дека воздушната одбрана пресретнала некои од 120-те ракети што биле лансирани на Голанската висорамнина, Сафед и областите Горна Галилеја. Уште околу 20 ракети беа истрелани кон Мејрон и Нету, додаде ИДФ.

„Повеќето од нив паднаа на отворени површини и нема извештаи за жртви и повредени во овие напади“, објавија израелските власти.

Противпожарните и спасувачките служби во неколку области ги гаснат пожарите предизвикани од ракети кои Израел не успеа да ги пресретне.

Back to top button
Close