Зимбабве ќе убие 200 слона за да ги нахрани граѓаните

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении.

Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен.

Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 слона, што е значително над капацитетот од 45.000.

Министерката за животна средина Ситембисо Њони истакна пред пратениците дека „Зимбабве има повеќе слонови отколку што му требаат“.

Таа додаде дека големиот број слонови значи и „недостиг на ресурси“ за нивната исхрана, што поттикнува конфликт меѓу човекот и дивиот свет во земјата. – Разговараме со Управата за паркови и диви животни на Зимбабве и некои заедници за да го направиме она што го направи Намибија, нагласи таа.

– Кога има пренатрупаност со диви животни во одреден парк, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор од паркот во потрага по ресурси како вода или зеленило. Кога тоа ќе се случи, тие ќе дојдат во контакт со луѓето и ќе започнат конфликти, додаде таа. .

Минатиот месец Намибија одобри колење на 700 диви животни, вклучително и слонови, а нивното месо ќе биде дистрибуирано до луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна. Веќе се убиени повеќе од 150 животни, објави намибиското Министерство за животна средина, шумарство и туризам, а поделени се над 50.000 килограми месо.

Back to top button
Close